Grobnata i
hramovnata erhitektura vo Egipet (Makedonski) -
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 11 | Nivo: Fakultet za likovna umetnost
Ovo je pregled DELA TEKSTA
rada na temu "Grobnata i hramovnata erhitektura vo Egipet
(Makedonski)". Rad ima 11 strana. Ovde je
prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je
samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja.
Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U
tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Факултет за ликовни уметности
Семинарски труд
по предметната програма
историја на уметноста
[курс: 1]
Гробната и храмовната архитектура во Египет
предметен наставник: изработил: ред. проф. д-р Небојша Вилиќ Тодоровски Даниел
инд. бр. 1298
оддел ликовна педагогија
Скопје
декември 2009
Увод
Уметноста во Египет привлекува и повикува со својата мистичност и магична
убавина а големите-масивни градби оставаат без здив, едноставно, како успевале
во тоа време без услови како денес и со каква упорност успеале да остават вечна
трага во историјата. Египетската култура уште од најстарите времиња се
издвојува од уметноста на останатите цивилизации со своите културни обележја,
уметнички споменици, како и најразлични градби кои во тој период биле користени
во секојдневниот живот, но со текот на времето прераснале во вистински
уметнички дела. Египетската архитектура и уметност ме приближуваат до тоа
време, кое пленува со својата магичност.
Гробниците, оние огромни планини од камен кои биле градени долг временски
период, со години и години, на кои што работеле илјадници робови –целиот свој
живот, посветени само за една личност (владетелот), само да му обезбедат богат
и раскошен живот и после смртта прават човек да остане без зборови.
Храмовите, величенствено соединување на градежништвото и природата. Расфрлени
низ Египет, овие структури направени од најцврсти материјали –гранит, исцртани
и испишани хиероглифи на нив ја прикажуваат големата посветеност на египјаните
и нивните владетели кон религијата и божествата во кои тие верувале. Како
вистински домови каде што боговите престојувале кога се на земјиниот свет.
Египетската култура воопшто, нејзините културни обележја, архитектура,
уметнички дела и многу друго, се подлежни на разни испитувања и истражувања
подолг временски период, со цел подобро да се согледа начинот на живеење на
луѓето и нивното дејствување во тоа време. Овие истражувања ни ја приближуваат
културата а воедно и уметноста која на свесен или несвесен начин се создавала
со текот на времето. Египетската цивилизација бележи огромно вековно творештво
кое според мене може многу да придонесе не само во уметноста туку и во
останатите науки воопшто.
Разбирањето на уметноста преку историски пласман на визуелните уметности е
токму главната задача на историјата на уметноста. Само преку неа можеме,
поблиску да се приближиме на размислувањето и животот на лугето во тоа време, и
да ја прочитаме нивната порака упатена кон нас. А како што можеме да забележиме
во Египет главна идеја била вечноста. Но историјата на уметноста ни покажува
дека египетската уметност и не е толку непроменлива, тие разлики ги одржуваат
промените во верувањата и традициите на кои лугето се придржувале во споредба
со развојот на нивниот живот. Се менувале материјалите, а тоа им овозможувало
на уметниците трагање на малку поинакви-понови начини на изразување на светот
со кој се опкружени.
Преку проучувањето и обработувањето на оваа тема, ке се запознаеме поблиску до,
една од најбогатите (уметнички и архитектонски) истории на една цивилизација до
сега. Колку вештина и способност требало за да се створат тие огромни
архитектонски чуда, према условите што ги нудело тоа време. Значајноста на
нивните дела и какво внимание им било обрнувано. Каков бил нивниот однос кон
магиското и религиозното.
...
----------
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------www.maturski.org
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!